За 72,3 проценти е зголемен бројот на превезени патници во меѓународниот автобуски превоз во првиот квартал годинава во однос на истиот период од 2013 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, кај градскиот превоз има зголемување на бројот на патници за 2,6 проценти, во меѓуградскиот превоз за 23,5 проценти, а во приградскиот намалување од 8,2 проценти.
Во однос на првиот квартал лани од 2014 година, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 3 проценти, во приградскиот превоз за 28,2 проценти, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 8,4 проценти и во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 71 процент.