Повеќе од седум дена нема нови случаи на коронавирус во Македонска Каменица

Од:

И по една недела нема нови случаи на позитивни пациенти од Ковид-19 во Македонска Каменица. Четворицата пациенти кои минатиот понеделник беа регистрирани како позитивни на коронавирус според информациите на надлежните од здравствената станица во градот, се во добра здравствена состојба.

– Пациентите се без посериозни симптоми и во добра општа здравствена состојба. Надлежните продолжуваат со спроведување на мерките за заштита од вирусот, така што се надеваме дека ќе остане само на првичните четири случаи во Македонска Каменица, велат од здравствената станица во градот.

Првиот случај на коронавирус во Македонска Каменица се појави на 24 -ти минатиот месец кај странски државјавин кој престојува во градот и е со работно место во оваа општина. Од неговите контакти произлегоа уште три нови позитивни случаи, а по направените тестирања на новите контакти, бројот на позитивни пациенти во рударското гратче се задржа на четири пациенти.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска