Повеќе од 33 илјади од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат за казните

Од:

Повеќе од 33 илјади амандмани кои што ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ, според неофицијални информации, се однесуваат за казните. Партијата поднесе вкупно 35.569 амандмани за Законот за употреба на јазиците, кои што се доставени до Собранието.

Членот 22 од законот за двојазичност кој пропишува глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на органите кои нема да ги почитуваат одредбите од овој закон. Додека глоба во висина од 30% од одмерената глоба ќе му се изрече и на службеното лице. Според опозициската партија, овој член не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија.

Амандманската расправа за Законот за употреба на јазиците „виси“ се додека не се обезбедат технички услови за тоа. Неофицијално проблем е преводот на амандманите, досега биле преведени помалку од 10.000, поради што ќе биде потребно време за да се преведат и останатите амандмани кои што ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците