Приведено уште едно лице за нередите во Собранието, на службени разговори повикани тројца

Од:

Министерството за внатрешни работи соопшти дека единицата „Алфи“ вчера го лишила од слобода и го привела во полициската станица Кисела Вода П.А. (65) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ на 27 април во Собранието на Република Македонија.

Со лицето бил извршен службен разговор, во кој тој ги појаснил преземените дејствија. Откако П.А. влегол во салата каде се одржувала прес-конференција, со употреба на физичка сила ги нападнал пратениците З.З., Р.Ш. и Р.И., а се туркал и со вработени од обезбедувањето.

По завршување на разговорот и констатирање на дејствијата, наведува МВР, вчера околу 19 часот П.А. бил предаден на Основното јавно обвинителство во Скопје за понатамошна постапка.

Министерството за внатрешни работи соопшти и дека во рамки на мерките кои СВР Скопје ги презема за идеинтификување учесници во немилите настани на 27 април во Собранието, на 5 мај на службени разговори биле повикани уште три лица, две од Скопје и едно од Велес.

– Од страна на Јавниот обвинител била дадена насока, по завршување на потребните проверки и службени разговори, лицата да бидат пуштени од полициска станица, а документираниот доказен материјал за нив, во нареден, претходно договорен период, во просториите на Основното јавно обвинителство да им биде презентиран. По разгледувањето на презентираниот доказен материјал во Основното јавно обвинителство, од нивна страна ќе бидат дадени насоки кога да им се поднесе кривична пријава и на кој начин ќе се обезбедат истите лица, во смисла дали ќе бидат повикани или ќе бидат лишени од слобода со претходно издадени наредби од Основното јавно обвинителство, информира МВР.

Во известувањето се додава дека Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.

Би можело да ве интересира

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции