Поведена постапка за уцена со компромитирачки фотографии

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против еден жител на селото Орешани за кривично дело уцена, сооппшти денеска Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

– За лицето на возраст од 22 години постои основано сомнение дека, со намера да прибави противправна имотна корист, уценувало своја 26-годишна познаничка дека за неа ќе открие, односно јавно ќе објави компромитирачки материјал фотографии кои ќе и наштетат на нејзината чест или углед. На тој начин осомничениот ја присилил оштетената да му даде парични средства во висина од околу 200 евра, се појаснува во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерки на претпазливост односно забрана за напуштање на живеалиште, престојувалиште, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице или надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти со оштетената.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес