А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Поведена постапка за убиство во Арачиново

by А1он18/11/2019 - 11:0318/11/2019 - 11:04178
Share0

Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – убиство на 18 август во Арачиново.

Добивај вести на вибер

-На 18 август, во село Мојанце, Арачиново, со употреба на огнено оружје со калибар од 7,62х25мм, осомничениот го лишил од живот Зилбехар Ајвази. На критичниот ден, осомничениот седел на совозачкото седиште во автомобил Фолксваген голф 3, управуван од засега непознато лице. Преку отворениот прозорец на автомобилот тој испукал два куршума во правец на сега починатиот Ајвази и го погодил во десната страна на градниот кош, нанесувајќи му тешка телесна повреда – устрелна рана. Куршумот повредил повеќе витални органи. Оштетениот бил хоспитализиран во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ – Скопје, каде му била извршена хируршка интервенција, но на 9 септември починал, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Пред да почине, како штостои во соопштението, Ајвази на записник го идентификувал осомничениот како напаѓачот кој пукал кон него, а како причина навел претходна нетрпеливост меѓу нивните семејства.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци. Притоа, обвинителот особено го ценел фактот што непосредно по настанот осомничениот веднаш станал недостапен на органите на прогонот, по него била распишана потерница, а кога бил затекнат при претрес на неговиот дом, дал лажни податоци за сопствениот идентитет, велат од Јавното обвинителство.

hronika

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 17:49

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 13:55

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 13:50

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 11:5027/02/2026 - 12:03

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Катерина Ѓуровски25/02/2026 - 13:57

Метален профил усмрти градежен работник од Велес

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен