Поведена постапка за кривично дело „полов напад врз дете“ во Прилеп

Од:

Основното јавно обвинителство – Прилеп поведе постапка против едно лице, на возраст од 70 години за сторено кривично дело „полов напад врз дете“ кое не наполнило 14 години.

– Постапувајќи по кривична пријава поднесена од МВР ПС Прилеп, Основното јавно обвинителство – Прилеп поведе постапка против едно лице, на возраст од 70 години за сторено кривично дело „полов напад врз дете“ од чл.188 ст.1 од Кривичниот законик, затоа што на точно неутврдени датуми во повеќе наврати, од почетокот на 2016 година па до почетокот на месец април 2016 година, заради задоволување на полови страсти, а искористувајќи блиски семејни прилики, извршил полови дејствија врз дете кое не наполнило 14 години, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство на РМ.

Против осомничениот надлежниот јавен обвинител, како што се додава во соопштението, поднел предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка