Поведена постапка против скопјанец фатен со дрога на „Блаце“

Од:

Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен скопјанец е донесена од Основното јавно обвинителство Скопје, поради основано сомнение дека тој сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот, на 11 април, при влез во државава на граничниот премин „Блаце“, во патничкото моторно возило БМВ со скопски регистраски ознаки, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана спакувана во полиетиленско ќесе со вкупна нето маса од 38,82 грама, пет таблети психотропна супстанција – 3,4 метилен диоксиметамфетамин и пластичен шприц со волумен од 10 ml хашиш масло, информираат од Основното јавно обвинителство.

Од ОЈО посочуваат дека при претрес во непријавеното престојувалиште на осомничениот, полицијата пронашла уште 2,68 грама марихуана и дробилка со остатоци од наркотична дрога.

Бидејќи постојат околности што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор. Судот го прифатил предлогот и на осомниченото лице му определил притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он