А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Поведена истражна постапка против лицето кое му го запали џипот на газдата

by А1он04/09/2019 - 16:21621
Share0

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Тешки дела против општата сигурност, информираат од Јавното обвинителство.

Добивај вести на вибер

„Осомничениот на 3 септември, во кругот на еден деловен субјект, на булеварот „Србија“ во Скопје, со пожар предизвикал значителна опасност по животот и телото на две лица и поголема имотна штета.

Имено, тој наточил бензин во пластично шише од блиската бензинска пумпа и се упатил до правното лице. Притоа се доближил до паркираниот автомобил БМВ X6 во сопственост на управителот на правното лице, го полеал со бензин и со запалка го запалил. Оштетените се обиделе со противпожарни апарати да го локализираат пожарот, но не успеале во тоа.“, се наведува во соопштението на обвинителството.

Оттаму информираат дека се преземени мерки на претпазливост за осомниченото лице – забрана за напуштање на домот обврска да се јавува повремено кај определено службено лице, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за приближување и воспоставување контакт со оштетениот управител на правното лице.

hronikaobvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски12/04/2026 - 14:13

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Катерина Ѓуровски12/04/2026 - 14:03

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници

Катерина Ѓуровски12/04/2026 - 12:17

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Катерина Ѓуровски09/04/2026 - 14:00

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Катерина Ѓуровски06/04/2026 - 14:51

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 14:3603/04/2026 - 14:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто