Поранешен вработен му го запалил џипот, па го полеал со бензин и газдата во Кисела Вода

Од:

Поранешен вработен во скопска фирма од Кисела Вода вчера му го запалил џипот, а потоа со бензин го полеал и газдата. Џипот бил паркиран на паркингот на фирмата, па вработените веднаш притрчале и го изгаснале автомобилот, чија предна лева страна била во пламен. Газдата останал полеан со бензин, а поранешниот вработен не посегнал да го запали и него откако другите вработени се симнале на паркингот да го гаснат пожарот.

Случајот во полиција го пријавил газдата. Во пријавата навел дека поранешниот вработен бил револтиран оти не му биле исплатени неколку плати.
„На 3.9.2019 во 13.43 часот во СВР Скопје, И. И. (51) од Скопје, сопственик на фирма на булеварот Србија, пријавил дека поранешен вработен во фирмата, Љ. С. (56) од Скопје, со бензин го полеал неговото патничко возило ‘бмв икс 6’, кое било паркирано на паркингот на фирмата и го запалил. Причина за тоа, според пријавеното, се неколку неисплатени плати кон Љ. С..

Огнот го изгаснале вработените, а Љ. С. бил приведен во полициска станица за расчистување на случајот“, извести МВР.

Поранешниот вработен, кога го запалил џипот и го полеал со бензин и газдата, воопшто не пробал да си замине, туку мирно чекал да дојде полиција.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он