Потврдени мерките притвор за осумте лица осомничени за злоупотреба на службената положба

Од:

Кривичниот суд Скопје на денешната седница ги отфлри жалбите по изречената мерка притвор за осум лица кои беа приведени во петокот под сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, а едно од лицата за несовесно работење во службата.

-Постапувајќи по жалби од осум лица, осомничени од Јавното обвинителство за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување, поднесени против решенија на судија на претходна постапка од 28.06.2019 година, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд – Скопје денеска одржа седница во присуство на странките. По разгледување и ценење на фактите и наводите на странките во постапката, Советот донесе решенија со кои ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка со кои за осумте лица се прифаќа предлогот на Јавниот обвинител и им се определува мерка притвор во траење од 30 дена, стои во соопштението од Основниот кривичен суд – Скопје.

По наредба на надлежен јавен обвинител, во петотокот е спроведена истражна постапка против 11 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, а едно од лицата за несовесно работење во службата, при што со своите дејствија предизвикале штета на Буџетот во вкупен износ од 162.644.745,00 денари или 2.647.802 милиони евра. Еден од осомничените е недостапан за органите на прогонот, а за две лица се изречени мерки за претпазливост.

Би можело да ве интересира

Во притвор остануваат шестмината од прилепската болница осомничени за злоупотреби во работата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

Кочанското Јавно обвинителство ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се поврзуваат со постапката за корупција со клубот „Пулс“

Обвинителството започна истрага против 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”

Горан Наумовски

Обвинителство: Маж од Неготино бараше припадниците на ромската националност да им се забрани да гласаат на избори

Горан Наумовски

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ