Потврдени 25 нови случаи позитивни на Ковид 19, на Инфективна во Скопје почина пациентка од Лабуништа

Од:

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина една пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години. Пациентката имала претходни заболувања – коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност.

Што се однесува до пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга, а на која постморум и е земен брис, истиот е позитивен на Ковид-19, информора Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови во Скопје седум, Куманово седум, Прилеп двајца, Тетово пет, Струга две лица, Гевгелија еден и Кочани еден.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 354 лице.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Скопје – 183
Куманово – 54
Дебар – 47
Штип – 15
Прилеп – 12
Тетово -13
Струга – 9
Велес – 6
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 1
Гевгелија – 2
Струмица- 1
Крива Паланка – 1
Кочани – 1

Во изминатото дено-ноќие направени се 257 теста, од кои: преку ИЈЗ – 131, преку Ветеринарен факултет – 25, Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 2. Досега се направени вкупно 3.775 тестирања на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски