Потврден и мандатот на пратеничката Снежана Калеска-Ванчева, која доаѓа на местото на Мила Царовска

Од:

Собранието вечерва го верификуваше мандатот на пратеничката Снежана Калеска-Ванчева, која доаѓа на местото на Мила Царовска.

Царовска претходно поднесе оставка на пратеничката функција бидејќи е предложена од страна на мандатарот Зоран Заев да го води ресорот образование.

Собранието ја констатираше и оставката на Никола Димитров, кој како и Царовска, треба да замине во извршната власт, односно да го заземе вицепремиерското место за евроинтеграции.

Веќе се констатирани оставките на мандатарот Заев, како и на Љупчо Николовски, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски. Останува да се констатираат уште оставките на Јагода Шахпаска и Насер Нуредини.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on