Потврда за признавање на правото на азил за 985 мигранти

Од:

Вкупно 985 мигранти добиле потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на правото на азил во изминатите 24 часа.

Од нив, како што соопшти МВР, 659 се мажи, 154 жени, 124 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 48 деца кои патуваат без родител.

Најбројни се државјаните на Сирија-756, по што следуваат Ирак–94, Авганистан – 71, Пакистан – 40 и Палестина – 4.

Досега издадени се потврди на 50.268 странски државјани, од кои, 34.684 мажи, 6.917 жени, 7.789 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и на 878 деца кои патуваат без родител. Најмногу потврди се издадени на мигрантите од Сирија-40.895, потоа Авганистан-2.410, Ирак-2.323, Пакистан-1.533, Палестина-648, Сомалија-564, Бангладеж-349, Конго-310, Нигерија-188, Камерун-157 Еритреја-142 и Етиопија-109.

До Одделението за азил во изминатите 24 часа не се поднесени барања за признавање на право на азил, а досега се поднесени 49 вакви барања. Од нив, 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Би можело да ве интересира

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката