Потсетување за завршувањето на летното сметање на времето во 2025 година

Од:

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува граѓаните дека, согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2025 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија на 28 март 2025 година и објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година.

Со завршувањето на летното сметање на времето, во 03:00 часот наутро стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.
Во согласност со Одлуката:

• Летното сметање на времето во 2025 година започна на 30 март во 2.00 часот, кога времето беше поместено еден час нанапред.
• Завршувањето на летното сметање ќе се изврши на 26 октомври во 3.00 часот, со поместување еден час наназад.

Одлуката е донесена врз основа на годишната практика за регулирање на сметањето на времето и има за цел усогласување со европската регулатива во оваа област.

Би можело да ве интересира

Почна летното сметање на времето

Почнува летното сметање на времето

А1он

В недела завршува зимското сметање на времето – стрелките се поместуваат еден час нанапред

Викендов почнува зимското сметање на времето

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

А1он

Летно сметање на времето од недела 31 март

Горан Наумовски