Потребни законски измени за поефикасна и независна Антикорупциска комисија

Од:

За поголема ефикасност на Државната комисија за спречување корупција потребна е промена на актуелниот модел на нејзино функционирање, кој ќе ги вклучува најновите меѓународни инструменти во оваа област и законски измени во однос на нејзината независност, оперативност и интегритетот на членовите.

Ова меѓу другото, беше посочено на денешната Конференција насловена „Моделот на превентивното тело за антикорупција: како функционира сегашниот модел и дали има потреба од измени?“ во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Транспрентност Македонија (ТМ).

Драго Кос, претседател на работната група на ОЕЦД за поткуп во меѓународни деловни односи и поранешен претседател на Антикорупциска комисија во Словенија за состојбата со борбата против корупцијата во Македонија вели дека таа е во криза, а причината ја наоѓа во постојниот Закон за борба протв корупција.

– Државната агенција за борба против корупцијата се наоѓа во криза. Тое е едноставно последица на тоа што Македонија има најстар закон од оваа област во регионот, кој е толку пати променет што ја изгубил внатрешната конзистентност. Покрај тоа, агенцијата нема овластувања кои би морала да ги има, нема независност што би морала да ја има така што треба да се менува системот, во спротивно на македонија таа не и треба, дециден е Кос.

Според него, Македонија може да учи не само од Словенија, туку и од повеќе држави во регионот кои со самото тоа што имаат усвоено понови закони се отидени многу понапред од Македонија, па дури и од Словенија.

– Решенија постојат, Македонија само ќе мора да се одлучи за тоа кое решение ќе го преземе за навистина да има објективна, независна и ефективна комисија, вели Кос.

Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнл – Македонија вели дека направенте согледувања и анализи говорат дека во последните десетина година имаме целосно назадување на работењето на Антикорупциската комисија, а тоа, додава, беше констатирано и од нивните согледувања и во извештаите на ЕК. Според неа, потребни се промени во повеќе сегменти каде се детектирани слабости кај постојниот закон, а клучно е, вели, креирањето сопствен модел што ќе одговара на нашите потреби.

– Нешто што не зависи од закони е интегритетот на луѓето. Мораме да ги јакнеме капацитетите. Прво да се обезбеди механизам што ќе направи сигурно дека во Комисијата ќе работат луѓе со интегритет кои што ќе бидат ослободени од какви било влијанија, вклучително и политички влијанија. Понатаму, имаше проблем во спроведувањето на Законот за спречување на корупцијата, недостатоци во капацитетот на самата институција за спроведување на одредбите од законите за спречување на судир на интереси. Постоеше селективност во работењето, недоволна независност на Комисијата и сите тие прашања треба да се разгледаат повторно, затоа што во меѓувреме имаме и нови меѓународни инструменти, имаме меѓународни принципи за обезбедување на независноста на институциите и сето тоа треба да се разгледа и да направиме модел што нема да копира друг модел, но ќе функционира овде во земјата, согласно нашите закони и нашите состојби, вели Тасева.

Во текот на дебатата актуелниот претседател на ДКСК, Игор Тантуровски, оцени дека дел од изнесените информации за работата на Комисијата се валидни, а дел се непроверени. Смета дека Комисијата во овој состав никогаш не била потранспарентна во својата работа, соработува со НВО-секторот и отвореан е за медиумите.

– Нашиот буџет е ограничен, а и намален за 15 проценти. Независноста на една институција не се мери само со делот како членовите се избрани, туку независноста е многу важна во оној дел како ќе и се дозволи да функционира и колку тоа власта и Собранието на РМ, ќе ја поддржат институцијата. Ако немата поддршка и се нема добра волја тоа да се направи, оние надлежности што ги има самата институција не може да ги спроведе, вели Тантуровски.

Би можело да ве интересира

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Изгласан новиот состав на антикорупциска

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК

Катерина Ѓуровски

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција

Кривична одговорност за директорот на Агенцијата за филм и за неколку градоначалници на Радовиш бара Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Катерина Ѓуровски