Потребна постапка за проверка на законитоста на приватизацијата на земјиштето кај паркот во Кавадарци, смета адвокатот Митрев

Од:

Изградбата на објекти кај градскиот парк може да се сопре привремено, смета пензионираниот адвокат Ѓорѓи Митрев, поддржувајќи ја Иницијативата за спас на паркот, која деновиве е актуелна во Кавадарци.

Според него, потребно е да се отпочне постапка за проверка на законитоста на приватизацијата на земјиштето. Важно е, вели, како е приватизирано земјиштето во претходниот период.

– Се сомневам дека тоа е сторено незаконски. Доколку се утврди дека приватизацијата на земјиштето е незаконска, ете можност за поништување на постапката за издавање одобрение за градба. Не треба да се откажуваме од протестот и иницијативата за стопирање на криминалните активности, нагласува Митрев.

Како што појаснија градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и од Секторот за урбанизам при општината, работите на терен се согласно генералниот урбанистички план од 2003 и деталниот од 2013 година. Според нив, нема завлегување во градскиот парк, кој е еден од најубавите во Македонија.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци