Потребна итна професионалзиација на МВР

Од:

Потребна е итна професионализација на МВР и департизација на сите раководни органи и вработувања во Министерството, особено во Бирото за јавна безбедност, посочуваат првичните наоди од истражувањето за проценка на полицискиот интегритет, спроведено од регионалната мрежа на граѓански асоцијации „Поинтпулс“ и Аналитика Тинк Тенк.

Според Марјан Ѓуровски, соработник на проектот, денеска имаме јасно изразена политичка волја за соодветни промeни и реформи во јавната безбедност и целокупното МВР, но без соодветна динамика на имплементација.

– Од необјасниви причини заборавени се преземените обврски од Стратегијата за реформи на јавната безбедност наспроти реформите во државна безбедност и сметам дека целокупниот процес на длабоки реформи и трансформација на безбедносниот систем, вклучително и на МВР, е повеќе од потребна и веќе се доцни. За поздравување е искажаната политичка волја но имплементација на преземните обврски не е на соодветното ниво, рече Ѓуровски.

Потребна, е додаде, и реорганизација на службата за човечките ресурси во МВР, наместо три да постои само една, при тоа да се преземе искуството од соседните земји, директорот на БЈБ наместо да го именува Владата со одлука, да се избира по пат на јавен конкурс во Министерството.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он