Потребна е зголемена интеграција на старите лица во општеството

Од:

Добивање поголеми информации преку медиумите, запознавање на јавноста и институциите за зголемена интеграција на старите лица во општеството, беше целта на денешната работилница во рамките на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица.

Работилницата е дел од регионалниот проект „Преземање акција за социјална инклузија на старите лица“, финансиран од Европската Унија, од австрискиот Црвен крст и Австриската развојна агенција, а имплементиран од здружението „Хуманост“.

-Минатата година во рамките на регионалниот проект се спроведе истажување на тема „Колку е потребно отворање на сервиси од социјални и здравствени услуги на постари граѓани. Од вкупно 1.000 испитаници или околу 41 отсто ја потврдија потребата од отворање сервиси од социјални и здравствени услуги. И оваа година ќе се спроведат активности во текот на оваа недела и од страна на уште шест здруженија на граѓани кои имплементирале мали проекти за социјална инлкузија на старите лица, нагласи Љупка Петковска, стручен соработник во Црвениот крст на РМ.

Таа информираше и дека се обезбедени 60.000 евра за доделување на подгрантови.

Сунчица Димитриовска, професорка и истражувач рече дека од спроведената анкета врз репрезентативен примерок на 1.004 стари лица на тема „Потреба од социјални и од здравствени сервиси за старите лица“ констатирана е потребата од зголемување на информираноста на старите лица и нивните семејства за услугите од социјална заштита и за зголемување на пристапот до овие услуги.

За спроведување на здравствена заштита, како што беше посочено, потребно е да постои голема координација меѓу креаторите на политики за стари лица, даватели на услуги за старите лица и самите стари лица, со цел унапредување на квалитетот на нивниот живот, подигање на јавната свест за отворање на дневни центри за давање помош во домашни услови, како и зголемување на број на здруженија на граѓани кои ќе работат со стари лица, развој на волонтеризмот и меѓугенерациската солидарност, отворање и развој на вонинституционални фирми на заштита на старите лица, но и одвојување на финансиски средства од буџетот на државата, од буџетот на локална самоуправа, како и развој на приватно-јавно партнертсво за развој на центри за давање помош во домашни услови.

Најчесто, како што беше посочено, ограничување на старите лица во извршување на секојдневните активности претставува движењето, како во домот, така и надвор од него. И образованието на старите лица има влијание врз потребата од помош во домот. Лицата со завршено до основно образование, кои поради степенот на завршено образование, веројатно, биле изложени на почести физички работи, имаат поголеми ограничувањеа и зависност од помош во извршувањето на секојдневните активности, за разлика од старите лица со високо завршено образование.

Старите лица бараат да има што поголем број домови и да бидат достапни за секој пензионер, да се развиваат што повеќе форми и услуги од социјална и здравствена заштита на стари лица во средината во која живеат (дневни центри и центри за давање помош во домашни услови), како и да се зголеми информираноста на старите лица за формите за заштита што се наменети за нив.

Емилија Робановска од здружениото „Хуманост“ рече дека сакаат да ја подигнат свеста на јавноста, бидејќи старите лица не се информирани за нивните права, ниту за начинот за нивно остварување.

-На старите лица им недостигаат здравствените и социјалните сервиси. Самите организации ги подготвуваме да лобираат во институциите на локално и на државно ниво за да можеме да искреираме што повеќе здравствени и социјални сервиси, изјави Ровановска.

Универзитетскиот професор Марјан Танушевски на Презентацијата на искуствата на претставници на мрежата ИнклузиваМ со медиумите рече дека токму медиумите можат да помогнат да се излезе од ситуацијата, бидејќи е важна и корисна алатка.

-Ги сакаме медиумите, медиумите и новинарите ги чувствуваме како наши пријатели, наши поддржувачи. Но, дружењето со новинарите и со медиумите треба да се чувствува како доживување, како желба, да се избрифираат, да им се дадат дополнителни можности, нагласи Танушевски.

Би можело да ве интересира

Обезбедени негуватели за старите лица од општина Кисела Вода

А1он

Роден е веднаш по Првата светска војна: поштарот во пензија Цане Гелевски наполни 102 години

Жарко Настоски

Почна вакцинирањето во домовите за стари лица низ САД

Жарко Настоски

Недела на грижа за стари лица

Ана Ололовска

Доделување сертификати за негувателки на стари и немоќни лица

Ана Ололовска

Саити: До 2050 во Македонија стари ќе бидат 33 проценти од населението

Ана Ололовска