Потребна е детална анализа за поврзаноста меѓу хроничните болести и смртноста од Ковид, смета Филипче

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека во делот на смртноста од Ковид и на хроничните болести, она што е карактеристика на целиот регион, веројатно има некаква поврзаност поради тоа што, како што изјави, очигледно е дека и болеста, и потешката форма и смртните случаи и тоа е докажано, се поврзани со хроничните болести.

–Точно е дека имаме и тоа сега се покажа со анализата на бројката на хронични болести, огромен број пациенти регистрирани дека имаат хронична болест во системот „Мој термин“. Така што не може да се одговори ад кох. Тоа бара една навистина детална анализа, меѓутоа ова е одличен повод таа анализа да се направи заради тоа што значи дека ќе адресираме и многу други прашања, нешто што го засега здравјето на граѓаните генерално во делот на исхраната, во делот на физичката активност, изјави Филипче, коментирајќи ги ставовите на експертите за причините за високата стапка на смртност од Ковид во државава.

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека во однос на лекувањето на ковид пациенти, докторот има слобода да анализира, има повеќе протоколи, има различен став и е оставено на лекарот и на индикацијата и на параметрите на пациентот, а тука, како што рече, немаше еден генерален пристап, се беше како резултат на клиничката состојба на пациентот и на анализите.

–Што значи дека еден пациент со една хронична болест, претходна состојба, едни анализи во една фаза во делот на превенцијата можел да прими соодветна терапија и соодветна доза, друг не. Така што тоа е нешто што го препишува лекарот специјалист врз основа на овие индивидуални карактеристики на пациентот, рече Филипче.

Прашан дека лекот Ивермектин одбивале да го даваат во болниците, Филипче рече дека нема сознанија за тоа.

–Не знам дека некој одбивал да дава каков било лек, знам дека сите од лековите се даваа по строга индикација врз основа на проценка на лекарите специјалисти, нагласи Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски