Потрага по двајца гевгеличани загубени на планината Кожуф

Од:

Две повозрасни лица се загубиле полладнево додека планинареле на планината Кожуф. Се загубиле на патот кон Круша. Нивните блиски сведочат дека Владо Делев и Кире Арнаудов го загубиле патот пред околу три до четири часа. Последен пат со нив во контакт бил во последнив час и тие немале ориентација каде се наоѓаат – вели синот на еден од загубените. Двајцата загубени во моментов не се заедно.

Семејствата се обидуваат да ги најдат. Полицијата е во потрага по загубените планинари, а се очекува да се вклучат и пожарната служба и шумското претпријатие.

Блиските на Владо и на Кире замолуваат сите институции кои се обучени за вакви случаи како и планинарските друштва кои го познаваат теренот да помогнат во потрагата.

Би можело да ве интересира

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега