Потпретседателката на францускиот Сенат Конве-Муре во Скопје

Од:

Потпретседателката на Сенатот на Франција Елен Конве-Муре утре доаѓа во Скопје, каде ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери, со претставници на собраниските тела и на пратеничките групи.

Посетата на Конве-Муре, како што се наведува во соопштението од Амбасадата на Франција, го одразува јакнењето на француско-македонските парламентарни размени во перспектива на европскиот пат на земјата кој останува сосема актуелен.

– Оваа посета, што се реализира во рамки на Француската стратегија за Западен Балкан, ги реафирмира односите на доверба и пријателство меѓу францускиот Сенат и македонското Собрание, како и кон граѓаните во целина, се нагласува во соопштението.

Сенаторката Конве-Муре која учествуваше во изготвувањето на Предлог-законот за ратификување на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, што минатиот месец во прво читање помина во Сенатот на Франција и се очекува наскоро да биде усвоен во Националното собрание, ќе се сретне и со потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, со пратеничката група за соработка со францускиот Парламент и со претседателите на собраниските комисии за одбрана и безбедност, за надворешна политика и за европски прашања, Хари Локвенец, Антонио Милошоски и Артан Груби.

Предвидено е за време на нејзината дводневна посета на земјава да се одржи и конференција во Дипломатската академија на МНР на која ќе се расправа за еволуцијата на европската одбрана.

Конве-Муре ќе ги посети Француските воени гробишта во Скопје, како и Спомен-куќата и музеј која беше свечено отворена во мај 2018 година, за да им оддаде почит на 3.000 војници кои почиваат таму.

Би можело да ве интересира

Баро: САД да престанат да ја уценуваат Данска за Гренланд

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Порака од Франција: Американскиот напад врз Венецуела е спротивен на принципите на меѓународното право

Дуров: Макрон ја претвора ЕУ во дигитален гулаг

Портокалово предупредување за снег и мраз во Франција

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски