Потпишани договори за проектите за регионален развој за 2018

Од:

Договори за реализација на 98 проекти за развој на планските региони, за развој на селата и за развој на подрачјата со специфични развојни потреби денеска беа потпишани во Владата.

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу посочи дека Владата за 2018 година ги зголеми за повеќе од 50 отсто средствата за рамномерен регионален развој.

– Оваа година 4,5 милиони евра ќе бидат вложени во проекти кои ги предложија општините и планските региони врз основа на нивните приоритети. Главно станува збор за инфраструктурни проекти или проектна документација за поголеми проекти со цел да можат да се обезбедат дополнителни средства и од донаторски извори или од ИПА Програмата на ЕУ, рече Фазлиу. Додаде дека проектните предлози се предложени директно од локалните власти, а приоритетите се утврдени со граѓанскиот и бизнис секторот.

Фазлиу се осврна на финансиската рамка за реализација на проектите за регионален развој која за 2018 година изнесува безмалку 280 милиони денари.

– Конкретните средства за финансирање проекти за регионален развој се утврдени во буџетот на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за региоанален развој, преку Програмата за рамномерен региоанален развој за 2018 година, рече Фазлиу.

За проекти за развој на планските региони се издвоени 196 милиони денари. Најмногу средства има за најмалку развиениот, Североисточниот, а најмалку за најразвиениот, за Скопскиот плански регион. Проектите за развој на подрачјата со специфични развојни потреби ќе бидат финансирани со 56 милиони денари, а проектите за развој на селата со 28 милиони денари.

Во име на корисниците на средствата се обрати градоначалникот на општина Гази Баба и претседател на Советот за развој на Скопкиот плански регион Борис Георгиевски соопшти дека принципот на солидарност е многу важен за рамномерен регионален развој.

На потпишувањето на договорите присуствуваа заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, градоначалници и претставници од Центрите за развој на планските региони.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Ана Ололовска