Потпишан меморандум за соработка за развој на системот на правдата за децата

Од:

Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), Државниот завод за превенција на детското престапништво (ДЗПДП) и Комората за медијатори на Република Северна Македонија денеска потпишаа, меморандум за соработка со кој ја потврдија заедничката заложба за развојот и унапредувањето на медијацијата во системот на правдата за децата, соопштија од АСЈО.

– Со меморандумот ќе бидат опфатени активности со кои ќе се подигне свеста за прифаќање на медијацијата и нејзината примена во случаите на децата кои се во судир со законот и согласно Законот за правда на децата. За успешна реализација на овие активности ќе биде применет мултидисциплинарен пристап, информираат од АСЈО.

Првите луѓе на институциите – потписници директората на АСЈО, Наташа Габер Дамјановска, претседателот на ДЗПДП, Гордана Лажетиќ и претседателот на Комората за медијатори, Славе Младеновски согласно Меморандумот се обврзаа да обезбедат континуирана, заемна поддршка за реализацијата на сите активности кои ќе се остваруваат преку: имплементација на стратешки документи и годишни програми, поддршка на законски решенија за задолжителен обид за медијација во системот на правдата за децата, организрање и спроведување специјализирани обуки за медијатори со право на стекнување на сертификати, организирање на заеднички семинари, траклезни маси и дурги едукативни настани поврзани со медијацијата во системот на правдата за децата со учество на претставници од правосудните органи, експерти и медијатори од државата, од регионот и пошироко, студиски посети и т.н.

Придобивките од примената на медијацијата се многу големи, но во нашата држава, посебно, во судските постапки во кои се вклучени деца скоро и да не се применуваат, сметаат од АСЈО.

Би можело да ве интересира

ОН: Од 136.000 деца во Газа на возраст меѓу шест месеци и пет години, 12.000 се неухранети

18.500 палестински деца кои се убиени во Појасот Газа

Во Македонија секое трето дете живее во сиромаштија

ISW: Путин продолжува да ги краде украинските деца

Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски