Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Гостивар и Фондацијата Метаморфозис

Од:

Во присуство на шефот на Делегацијата на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар, на пригодна свеченост Општина Гостивар и Фондацијата Метаморфозис, потпишаа денес Меморандум за соработка за Проектот за зајакнување на иновативен туризам.

Во името на Општина Гостивар, Меморандумот го потпиша градоначалникот Арбен Таравари, а во името на Метаморфозис, извршниот директор на фондацијата Бардил Јашари.

Целта на проектот е да се промовира енергичен туристички сектор кој ефикасно се прилагодува на потребите на домашните и меѓународните пазари и придонесува за забрзување на растот и стимулирање на отворањето нови работни места во прекуграничната туристичка зона помеѓу Македонија и Албанија, поточно во подрачјето на Гостивар и Елбасан.

Согласно Меморандумот, Фондацијата Метаморфозис се обврзува да ги промовира вредностите на сите потенцијални места и можности за развој на туризмот во полошкиот регион, а Општина Гостивар ќе обезбеди информации, експертиза и искуство, како и ќе ги поттикне малите и средни претпријатија и сите заинтересирани страни активно да дадат придонес кон реализирање на целите на проектот.

Времетраењетo на Меморандумот за соработка е од 19 март 2018 година до 31 март 2020 година.

Проектот е финансиран од Програмата за меѓугранична соработка на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар