Потпишан меморандум за соработка помеѓу Комората на РМ за приватно обезбедување и ДЗС

Од:

Комората на Република Македонија за приватно обезбедување и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), денеска во просториите на Комората потпишаа меморандум за соработка.

-Евидентна е потребата за воспоставување блиска соработка со релевантните чинители во сферата на безбедноста на национално и меѓународно ниво, па како неопходна и логична активност се наметна потребата од поврзување на приватното обезбедување со единствениот систем за заштита и спасување во Република Македонија, нагласи Верица Милеска-Стефановска, претседател на Комората за приватно обезбедување.

Во таа смисла, како што истакна, потпишувањето на денешниот меморандум за соработка, за приватното обезбедување претставува потребна и очекувана активност, дотолку повеќе што се вградува во комплексниот план на Комората за проактивно дејствување и интензивен стратегиски развој на дејноста на приватното обезбедување во Република Македонија.

-Сите сме сведоци на променети услови на живеење и работење, на променети безбедносни закани и променетиот интерес и интензитет на општествено живеење, рече Милеска-Стефановска.

Од друга страна, како што посочи, во таквите услови, улогата на приватното обезбедување се препознава токму во нејзината непосредна поставеност при обезбедување имоти и лица, а претставниците на приватното обезбедување се најчесто првите сувјекти кои се соочуваат со безбедносните закани најдиректно.

-Нашите работници секогаш се непосредно присутни или директно инволвирани и засегнати во случај на несреќи или други непогоди кои ги засегаат животот и здравјето на луѓето или имотот што е предмет на заштита на материјалните добра, рече Милеска-Стефановска.

Токму заради наведеното, како што нагласи, сметаат дека најсоодветен одговор на предизвиците со кои се соочуваат во вакви случаеви претставува хармонизација на активностите на сите засегнати чинители, градење взаемна доверба и координирана соработка.

Директорот на ДЗС Аднан Џаферовски, истакна дека ова е исклучително важен ден за двете институции од причина што, како што рече, заложбите и на Дирекцијата и на Комората се обединување на сите релевантни чинители кои го сочинуваат безбедносниот систем во Република Македонија.

-Верувам дека со овој меморандум ќе имаме прилика за многу подлабока и поширока соработка, односно, ќе ни овозможи во делот на обуките, заедничките вежби кои ги планираме во наредните години, да бидеме многу поуиграни во делот на безбедносниот систем. Со животите на луѓето нема импровизација. Јас знам дека попишуваме меморандум со една многу сериозна институција како што е Комората и сите сериозно ќе си ја сфатиме работата за да покажеме дека Република Македонија навистина заслужува да биде во редот на најразвиените земји во регионот и во Европа во делот на безбедносниот систем, рече Џаферовски.

Би можело да ве интересира

Две третини од домаќинствата имаат автомобил, велосипед секое трето

А1он

Зголемени трошоците на живот во ноември

А1он

Раст од три проценти на македонската економија во третиот квартал

А1он

ДЗС спаси повредено лице пронајдено над селото Маловишта

А1он

ДЗС: Во некои од урбаните средини, интензитетот на попишување се зголемува

А1он

ДЗС: Попишувачите имаат специјални овластувања и брендирани маици со логото Попис 2021

А1он