Потпишан меморандум за соработка меѓу СДСМ и БСП: Добрите односи отвораат простор за зголемена соработка

Од:

Делегации на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Бугарската социјалистичка партија предводени од претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателката на БСП, Корнелија Нинова, денеска потпишаа Меморандум за соработка и партнерство меѓу двете партии.

На средбата беше потенцирано дека Договор за соработка и пријателство меѓу Македонија и Бугарија, што престедателот на СДСМ и премиер на Република Македонија, Зоран Заев, го потпиша со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, отвори многу нови можности за потесна соработка во повеќе полиња.

При потпишувањето, претседателот Заев истакна дека Меморандумот претставува потврда на досегашната добра соработка помеѓу двете партии и држави, но и дека истовремено ќе претставува мотив за дополнително проширување на соработката.

„Овој меморандум денеска говори за успешноста на Договорот за добрососедство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Македонија. Убеден сум дека досегашната соработка помеѓу двете држави претставува дополнителен мотив да продолжиме да разменуваме искуства и заеднички да си помагаме и како партии.“ посочи претседателот Заев.

Од страна на делегацијата на БСП беше изразено признание за досегашната работа на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев и нивните успеси на меѓународен план, особено со потпишувањето на Договорот за добрососедство којшто претставува пример за останатите држави во регионот.

Двете делегации заеднички заклучија дека добрите односи меѓу двете земји отвораат простор за дополнително интензивирање на меѓудржавната и меѓупартиската соработка, особено во делот на економијата, стопанството и инфраструктурата.

На средбата, беше разговарано и за актуелнните состојби во Македонија и Бугарија, напредокот на Македонија во евро-атлантските интеграции, како и за поддршката што Бугарија како актуелен претседавач со ЕУ ја пружа на земјите од Западен Балкан во нивната интеграција во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он