Потпишан меморандум за соработка меѓу општина Охрид и Архитектонскиот факултет

Од:

Градоначалникот на општина Охрид, д-р Јован Стојаноски денес оствари работна средба со Деканот и Продеканот на архитектонскиот факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј, проф. д-р Огнен Марина и доц. д-р Јован Иваноски.

На средбата првенствено се разговараше за интегрираната стратегија за развој на општина Охрид, а беа разгледани и различните форми на генерирање соработка преку јавни дебати во кои граѓаните ќе земат активно учество во донесувањето конкретни решенија, работилници, летни и зимски школи, студентски конкурси.

Работниот состанок беше заокружен со потпишување на меморандум за соработка меѓу двете институции што ќе биде основа за подготовка на Програма во која ќе бидат изнесени идејните решенија за урбанистички развој на општина Охрид.

Двете страни изразија надеж дека воспоставената успешна соработка ќе иницира нов подобар пристап во функционирањето на општината.

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица