Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Замир Дика денеска потпишаа Меморандум за соработка.
– Министерството за образование и наука и Универзитетот на Југоисточна Европа пронајдоа области од заеднички интерес и желба за понатамошно продлабочување на соработката во постдипломско образование. Министерството ја потврдува својата подготвеност за поддршка преку стипендирање на примените студенти на заедничката програма по Европски студии во соработка со Универзитетот на Љубљана, односно Факултетот за општествени науки во областа на Европските студии, соопшти МОН.
Министерот Лутфиу истакнал дека Македонија и регионот претендираат да се дел од ЕУ, а образовните институции се оние кои промовираат европски вредности, односно на студентите преку сличните програми им овозможуваат постигнување на своите цели.
На потпишувањето на Меморандумот присуствувал и министерот за образование на Косово Арсим Бајрами.