Потпишан Меморандум за соработка меѓу Куманово, Марибор и Нови Сад

Од:

Куманово, Марибор и Нови Сад ќе ја унапредуваат соработкат и ќе се залагаат за изработка на заеднички програми и проекти од областа на образованието, социјалната заштита, културата, спортот и проекти за економски развој на општините.
 
Ова го потврдува потпишаниот Меморандум за соработка од градоначалниците на општина Куманово и на Марибор, Зоран Дамјановски, Андреј Фиштравец и заменик градоначалник на Нови Сад, Срѓан Кружевиќ.
Со меморандумот, трите града се согласни и за реализација на проекти од областа на заштитата на животната средина и природата.

– Преку потпишувањето на овој меморандум,ние ги изразуваме нашите намери за соработка во повеќе области. Градоначалникот на Марибор презентираше иницијатива за идната година кога е планирано да се одржи конференција на градови пријатели и збратимени градови во однос на решвање на локални инфраструктурни проблеми со заштеда на енергијата, фасади, селекција на отпад, при што средствата ќе бидат наменети за инфраструктурни проекти на локално ниво. Оваа иницијатива дава придонес за градот Куманово кој има потреба од такви инвестиции, рече Дамјановски, по потпишувањето на меморандумот.
 
Тој изрази надеж дека ќе се реализираат проектите кои се опфатени во Меморандумот.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе