Потпишан Меморандум со УКЛА

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров, во рамки на работната посета на САД, потпиша Меморандум за соработка со реномираниот Универзитет на Калифорнија и Лос Анџелес (УКЛА), основан 1919 година.

Меморандумот, соопшти Министерството за здравство, покрај министерот Тодоров, го потпиша и Томас Розентал, главен управител на Центарот за меѓународна соработка при Универзитетот на Лос Анџелес.

Меморандумот ја дефинира соработката со Медицинскиот центар „Роналд Реган“, кој е во рамки на УКЛА, што претставува токму негова рамка, со цел македонските лекари и останатиот медицински кадар да имаат пристап до врвна обука, но и  доктори од САД да доаѓаат и го пренесуваат своето знаење и искуство на македонските доктори, со можност за научна надградба што ги нуди оваа врвна здравствена институција, како и проширување на соработката со другите здравствени установи на тој Медицински центар. Тој е основан во 1955 година, а реотворен во 2008 година како Медицинскиот центар „Роналд Реган“ и е карактеристичен по обезбедувањето врвна грижа за пациентите.

Оваа болница, која е една од поголемите во Лос Анџелес, е врвна здравствена установа во светски рамки, со постигнати особени успеси во пресадувањето црн дроб, лекување болести од различни видови канцери, срцеви заболувања и друг вид тешки заболувања.

Меморандумот посебно ќе се фокусира на унапредување и развој на следните медицински области: кардиоваскуларна хирургија, неврохирургија, рехабилитација, ортопедија, трансплантација, неонатологија и педијатрија.

Со ова, успешно се заокружува посетата на министерот Тодоров на САД и овие медицински области во иднина ќе бидат на располагање на македонските лекари и медицинскиот кадар во Македонија за да го надградат своето знаење и развиваат нови медицински и административни вештини во најголемите медицински центри во САД.

Би можело да ве интересира

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов