Потпишан колективниот договор за вработените во општина Центар

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, како работодавач, Катерина Цаневска Арсовска, како претседател на синдикалната организација и Пецо Грујовски, претседател на УПОЗ, денеска во присуство на вработените го потпишаа колективниот договор за административните службеници и другите вработени во општина Центар.

Колективниот договор е задолжителен и ги обврзува работодавачот и вработените да ги применуваат одредбите кои се однесуваат и на правата, но и обврските.

Со овој колективен договор се предвидени поголеми права согласно законот, кои произлегуваат од работниот однос.

„Овој договор резултира од заедничките залагања за предвидување и пропишување на поголеми права за вработените во општина Центар. Јас како работодавач ќе ги почитувам нивните законски загарантирани права, но и права кои произлегуваат од овој договор и ќе се залагам да ги добијат сите максимално дозволени права. Но, ова ќе значи и поголема одговорност и почитување на работните обврски“, изјави градоначалникот, Саша Богдановиќ.

Претседателот на синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски, го истакна како исклучително значаен денешниот чин на потпишување на колективниот договор, кој е значаен за вработените, но и градоначалникот, бидејќи предвидувањето на поголеми права ќе значи и поголема посветеност во работата. Овој договор не е “библија“, рече тој и доколку се дојде до подобри решенија, ќе се работи на анекс на колективниот договор.

Претседателот на синдикалната организација, Катерина Цаневска Арсовска, истакна дека синдикатот е особено горд бидејќи ова е прв сериозно подготвен и сеопфатен колективен договор во локалната самоуправа.

„Сакам да изразам благодарност за поддршката и поттикот од синдикатот на УПОЗ, но и за разбирањето за значењето на синдикалното организирање и поддршка на синдикалните права од страна на градоначалникот на општина Центар. Апелирам и до другите синдикални организации во општините да започнат договарање, изработка и потпишување на колективните договори, кои се од интерес за работниците, за членовите на синдикатот, но и за градоначалниците“, изјави Цаневска Арсовска.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила