Потпишан колективниот договор за енергетика

Од:

Самостојниот синдикат за енергетика и Здружението на работодавачи од енергетиката при Организацијата на работодавачи на Македонија, денеска го потпишаа Колективниот договор за регулирање на правата и обврските на социјалните партнери во оваа област.

Целта на овој колективен договор е да се применат меѓународните работни стандарди, да се изедначат условите за работа на ниво на гранката и да се утврди одредена рамка на права кои треба да им се овозможат на вработените, со што ќе се одржува лојалната конкуренција меѓу работодавачите.

– Цврсто стоиме на констатацијата дека вистинскиот социјален дијалог нема алтернатива и само преку негов континуитет, сите отворени прашања можат квалитетно и долгорочно да се решаваат, изјави Вернер Хенгст претседател на Здружението за енергетика при Организацијата на работодавачи на Македонија.

Претседателот на Самостојниот синдикат на работниците од енергетиката Роберт Симоноски истакна дека со овој чин се верификувани и заштитетени економските и социјалните права на работниците во енергетиката.

Според него, ова е потврда за воспоставување одговорно социјално партнерство со имплементирање европски стандарди за заштита при работа.

Работодавачите и гранковиот синдикат заеднички оценуваат дека со овој чин социјалните партнери недвосмислено покажале дека имаат меѓусебно разбирање и интерес да ги почитуваат и спроведуваат меѓусебните права и обврски, посебно во поглед на условите за работа, платите, надоместоците и заштитата на вработените.

Би можело да ве интересира

Левица нема да го поддржи законот за енергетика поради зголемената либерализација

МЕРМС: Рекордни 247 милиони денари за три месеци

Левица: Системска ​​​​​деградација на државната енергетика преку одлив на стручни кадри

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

A1on

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за нивниот предлог Закон за енергетика

За евтина струја додека трае вонредната состојба регулаторите очекуваат анализи од енергетските компании

Маја Илиевска-Пачемска