Потпишан договор за соработка во дуалното образование меѓу СЕТУ „Михајло Пупин“ и четири нови компании од техничкиот сектор

Од:

Електротехничкото средно училиште „Михајло Пупин“ како училиште станува носител на дуалното образование во Северна Македонија. На голем број од учениците кои ќе се запишат во ова училиште од септември, ќе им биде загарантирано вработување во компаниите кои се поддржувачи на училиштето, изјави Димитар Ѓорѓиев, директор на СЕТУ „Михајло Пупин“ Скопје, на денешното потпишување на договор за дуално образование на училиштето во соработка со АД Електрани на Северна Македонија, ЛИБЕРТИ АД Скопје, Раде Кончар Контактори и Релеи ДОО и МАСАК СОЛУТИОН ДОО, што ќе дадат поддршка за формирање на дуалните паралелки. Консултантската компанија ПримеПоинт Партнерс, со својата експертиза во развој на програми за наградба на вештини е вклучена во изработка на програмата за дуално образование.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска на денешната прес-конференција истакна дека потребно е секој ученик да го избере своето образование според своите ануитети, амбиции и можности, но секако е значајно и родителите и учениците да погледнат што е тоа што се бара на пазарот, а денес стручното образование нуди многу побрзо вработување, како и поплатени работни места.

-Токму затоа МОН помина цел социјален дијалог во изминатите два месеци во 19 општини заедно со Стопанската комора, за која што морам да истакнам дека е значаен партнер во целиот овој процес на воспоставување на дуално образование и во повикот или во конкурсот за средно образование можете да видите 97 дуални паралелки во различни општини во коишто јасно се позиционирани компаниите каде што ќе се одвива праксата. На тој начин се создава слика каде учениците ќе одат на пракса и кој е потенцијалниот вработувач понатаму за истите тие ученици. На тој начин ќе продолжиме да ја градиме уписната политика во нашата држава согласно реалните потреби на пазарот, но секако и согласно афинитетите на учениците, додаде министерката.

Таа најави дека Министерството за образование и наука првпат оваа година ќе понуди 2000 стипендии за 2000 ученици кои ќе се запишат на дуалните и тригодишните наставни програми во висина од 3500 денари за секој ученик, со цел да се помогне во нивниот процес на образование.

Васко Ковачевски, директор на АД ЕСМ посочи дека за компанијата е од исклучетлна важност колку и какви кадри ќе продуцира средното техничко училиште „Михајло Пупин“. Затоа, како што вели тој АД ЕСМ се приклучи во проектот со две паралелки, односно кадри за електротехничар автоматичар и електромеханичар, што се во дефицит на пазарот на трудот.

-Овој проект е од исклучителна важност и за државата, за образованието, за нас компаниите, но најважно е за учениците коишто покрај теоретското знаење кое што ќе го стекнуваат во училишните клупи ќе имаат можност преку практична настава во центрите што ќе ги обучиме по најсовремените европски и светски стандарди да го надградат своето образование затоа што ќе треба понатаму да продолжат и да се дообразуваат на факултетите или, пак, директно да се вклучат во процесите на производство и на науката, изјави Ковачевски.

Директорот на АД ЕСМ истакна дека на слични вакви проекти, веќе подолго време соработуваат со средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола, средното училипте „Таки Даскало“ и рударскиот смер во Битола, Техничкиот факултет во Битола, факултетите во Скопје и Штип и останатите образовни институции. Ковачевски додаде дека со нивна поддршка и помош ќе се зајакне образованието што за нив како енергетска компанија која е столб на електроенергетскиот систем, така образованието претставува еден од столбовите на нашето општество.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови