Потпишан Договор за изградба на детска градинка во Штип

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, заедно со претставници од Центар за развој на ИПР и од градежната фирма „Вардар Градба Скопје“ го потпишаа Договорот за изградба на детска градинка.

„Денеска на мое огромно задоволство и на задоволство на сите нас овде потписници на овој договор и на задоволство на сите граѓани на општина Штип пред се наоние коишто треба во иднина да ја користат оваа детска градинка, ги информираме граѓаните дека денеска потпишавме Договор со градежната компанија која даде најповолна понуда на тендерската постапка.

Станува збор за компанијата „Вардар Градба Скопје“ која ќе ја врши изградбата на детска градинка во Штип после триесет години. Ова е најголем капитален проект во дел на изградба на градинки или на ваков тип објекти. Се работи за градинка за околу 200 деца, која е проектирана со две крила. Ќе се изградат двете крила на оваа градинка во населба Сењак 4.

Инвестицијата е во висина од 50.400.000 денари. Тоа е инвестиција со кофинансирање на Општина Штип и Центар за развој на ИПР. Околу 68% од средствата се обезбедени од буџетот на Општина Штип, а преостанатите околу 32% се обезбедени од Центар за развој на ИПР.

Очекуваме изградбата да започне наскоро. Надзорот ќе го вовоеде изведувачот во градба и најскоро ќе запчнат градежните активности на терен. Рокот на изведба е некаде околу една година и веќе разговараме со Министерство за труд и социјална политика да се обезбедат средства од нивна страна за опремување и за внатрешниот дел од опремата за наредната година кога ќе биде готова градбата.

Чекорите ќе одат бргу, верувам дека и времето ќе го послужи изведувачот за да може на време да ги завршува обврските во изградбата,“ изјави градоначалникот Бочварски после потпишувањето на Договорот.

Би можело да ве интересира

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски