„Поткуп“ е местенка, рече адвоктот на Заев пред апелационите судии

Од:

Апелацискиот суд денеска одржува седница на која се разгледува жалбата на одбраната на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, која бара видеоснимките од посебните истражни мерки (ПИМ) да не бидат користени како доказ во постапка за случајот „Поткуп“, во кој Заев е обвинет.

Совет од петмина судии на јавна седница ја разгледува жалбата на адвокатите на Заев. Еден од нив, Јаким Наумов, рече дека јавниот обвинител бегал и не им ја давал целосната снимка од ПИ-мерките.

„Ако не ни даде увид, како ќе може да го оспориме доказот“, запраша Наумов.

„Што е ова ако не е местена постапка?“ додаде тој.

„Употребиле агент-провокатор, но наредба за тоа нема“, истакна адвокатот. „На сите медиуми и на ‘Сител’ посебно, се вртеа снимките од Заев, што е нарушување на неговото право на приватност и право на фер-судење“, рече адвокатот Наумов.

Адвокатот Ване Андреев истакна дека агент-провокаторот на Заев му ѕвонел во ноќните часови и го провоцирал со прашања за да го намести.

Обвинителот од Вишото јавно обвинителство, Јован Цветановски, рече дека доказот со ПИ мерката за Заев е прибавен законски, дека наредбата за снимање постои и не е доказ во постапката. Тој побара од судот жалбата на адвокатите на Заев да се отфрли и снимката на Јутјуб позната како „Едно евро за Вицето“ да биде доказ против Заев.

Пред одржување на седницата на Апелацискиот суд, во Кривичниот суд денеска требаше да се одржи и ново рочиште за „Поткуп“, што беше одложено за 29 јануари следната година бидејќи предметот не е пристигнат од Апелацискиот суд кој треба да одлучи по жалбата за ПИ-мерките.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

Лишен од слобода возач на автобус од Тетово поради нудење поткуп

ВИДЕО: За да не му напишат казна побарале да ги почасти, полицајци снимени како земаат поткуп

Катерина Ѓуровски

Приведен косовски државјанин – дал поткуп за Турчин кој пречекорил престој во Македонија да излезе без проблеми

Анита Петровска Рајковиќ

Приведен косовски државјанин поради давање поткуп

A1on