ВИДЕО: Потешко повредената патничка во сообраќајката во Србија останува во болница, останатите пуштени дома

Од:

Сите патници од сообраќајната несреќа што се случи утринава на патот Блаце – Белољин во Србија, во која автобус со македонски регистарски таблички се превртел од патот, а беа згрижени во болницата во Прокупље се во добра здравствена состојба. Тие се пуштени да се вратат дома, со автобус кој за таа намена треба да дојде од земјава, информираат од Амбасадата на РС Македонија во Белград.

Во болница единствено е задржана пациентката која има потешки повреди на кичмените пршлени и таа е сместена на Неврохирургија во Ургентниот центар во Ниш.

Во сообраќајката беа повредени 26 патници од автобусот. Тој сообраќал кон Копаоник до каде превезувал патници на еднодневна екскурзија.
Претходно МНР информираше дека нема згрижени пациенти ниту во болницата во Блаце и оти сите се пуштени на домашно лекување.
Сѐ уште нема информации за детали за несреќата и за можната причина.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари