Потерница по Зоран Теофиловски, доколку судија му определи мерка притвор

Од:

Обвинителството за организиран криминал и корупција ќе даде наредба да се распише национална и меѓународна потерница за Зоран Теофиловски кој е член на Судскиот совет, доколку судија на претходна постапка му определи мерка притвор.

„По добивање на известувањето од страна на правосудната полиција за постапување по наредбата за приведување и претрес на домот на првоосомничениот, кој е недостапен на органите на прогонот, доколку судијата на претходна постапка согласно своите надлежности му определи мерка притвор, Обвинителството ќе издаде наредба за распишување на национална и меѓународна потерница“, велат од Обвинителството.

Оттаму потврдуваат дека Кривичниот суд ја одбил мерката притвор за шестмина осомничени, туку на четири лица определил мерка куќен притвор. За еден осомничен се определени мерки на претпазливост.

„За двете лица за кои обвинителството предложи мерки на претпазливост, судот ќе одлучува во текот на утрешниот ден за кога лицата се повикани да се јават пред судијата на претходна постапка“, додаваат од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најавува жалба по денешните решенија.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес