Посвежо и врнежливо и денеска

Од:

Времето денеска е променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде променливо облачно, во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 27 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има изолирана појава на нестабилност и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, температури до 16 степени

Променливо облачно, наутро студено и денеска и во следните денови

Облачно и посвежо, на повисоките места услови за снег

Облачно со дожд денеска, во следните денови пад на темепратурата

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 20 степени