Посвежо и ветровито со повремен дожд, можна е појава на град

Од:

Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито, уште од утринските часови со повремени врнежи од дожд. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на локално невреме со пообилни врнежи (над 30 л/м2), грмежи, силен ветер (над 80 км/ч.) и услови за појава на град, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Кон крајот на денот времето ќе се стабилизира. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд проследени и со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 23 степени.

До вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и засилен ветер претежно од јужен правец. Помалку врнежи ќе има во недела.

Би можело да ве интересира

Облачно со повремени локални врнежи од дожд

А1он

Променливо облачно со повремен дожд, температурите до 19 степени

Облачно со температури до 19 степени

Облачно и ветровито со температури до 17 степени

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен