Посвежо и дождливо, наместа можно невреме со грмежи и град

Од:

Времето во земјава денеска ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд и изолирана појава на град, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 23, а дневната од 22 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје претежно облачно, уште од претпладне со врнежи од дожд, повремено поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 20, а дневната ќе достигне 28 степени.

И во четврток под влијание на циклонска активност времето ќе биде претежно облачно, свежо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и изолирана појава на град. Од петок и понатаму ќе биде нестабилно, но со локална појава на пороен дожд и грмежи.

Би можело да ве интересира

Денеска облачно и врнежливо време, наместа со ветер над 70 km/h

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег

УХМР: Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда

Денеска врнежи од дожд, на планините снег

Денeска облачно со сончеви периоди и повремен дожд

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со повремен дожд