А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Постмониторинг известувачите на ПССЕ од понеделник во посета на Скопје

by А1он15/06/2018 - 08:34182
Share0

Од 18 до 20 јуни во Скопје ќе престојува делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа за постмониторинг дијалог со Република Македонија.

Добивај вести на вибер

Како што најави прес-службата на ПССЕ, пратениците Лиз Кристоферсен од Норвешка и Валериу Гилетчи од Молдова се очекува да се сретнат со премиерот Зоран Заев, со претседателот на Уставниот суд Никола Ивановски, со членови на Парламентот, лидери на политички партии, со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, судии, претставници на граѓанскиот сектор, медиумите и дипломатските претставници во земјата.

Во понеделник Кристоферсен и Гилетчи во Парламентот имаат средба со Бетиане Китев, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).

Разговорите ќе бидат фокусирани главно на развојот на настаните по Извештајот од последната посета на претставници на ПССЕ во мај 2017 година со специјален фокус на судството, како и на генералниот напредок на земјата во насока на исполнување на обврските кон Советот на Европа.

Кристоферсен и Гилетчи ќе одржат прес-конференција за време на последниот ден од посетата на Скопје, на 20 јуни.

psse

Би можело да ве интересира

ПССЕ: Во Македонија има бројните обвинувања за политизација на судството и корупција низ целиот јавен сектор

Горан Наумовски01/05/2025 - 09:4701/05/2025 - 10:35

ПССЕ: Функционирањето на демократските институции во С. Македонија е задоволително

Ана Ололовска01/02/2021 - 13:25

ПССЕ: Северна Македонија постигна напредок во медиумските слободи, со внимание ќе се следи изборниот процес

Ана Ололовска31/01/2020 - 12:5931/01/2020 - 12:59

Ратификувани акредитивите на македонската собраниска делегација во ПССЕ

Ана Ололовска30/01/2020 - 09:26

ПССЕ: Намaлeн притисокот врз медиумите и новинарите во С.Македонија

Ана Ололовска28/01/2020 - 12:15

Парламентарното собрание на Советот на Европа го поздрави напредокот постигнат од Северна Македонија

Ана Ололовска03/10/2019 - 08:0703/10/2019 - 11:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен