Постизборно се гради нов кат на минарето на Алипашината џамија во Охрид

Од:

Во Охрид продолжи изградба на 32-метарското минаре на Алипашината џамија. Работници денес се вратија на градилиштето по неколкудневна пауза за време на изборите. Од здружението „Совест“ велат дека се гради нов кат на минарето. Обвинуваат дека повторно се изигруваат институциите и најавуваат црвен картон за дивоградителите.

„Си поминаа изборите и си тераат по старо. Еве, денес, се спрема нов спрат на минарето, кое е дивоградба на Алипашината џамија. Правда, закон, жолт картон, порака, нешто? Охрид нема време да чека. Довербата повторно ви ја дадовме, жолтиот картон го испорачавме, не си дозволувајте да не изиграте, оти следно е црвен!“, објави здружението „Совест“.

Премиерот Зоран Заев пред изборите рече дека изградбата ќе почека додека не се најде решение, а разговорите со сите страни ќе продолжат по изборите. Тој неколку пати го смени ставот во однос на минарето. Прво рече дека институциите ќе се водат според законот, а откако ИВЗ излезе со став дека нема компромис за изградбата на минарето, премиерот ги ублажи ставовите и  потенцираше дека треба да се почитуваат и други околности, но не прецизираше кои се тие.

Од Исламската верска заедница не отстапуваат од ставот дека изградбата на минарето треба да продолжи и покрај тоа што од самиот почеток е дивоградба.

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски