А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Постигнати спогодби со тројца ресенчани обвинети за измама

by А1он12/05/2020 - 10:44446
Share0

По сеопфатна истражна постапка против четири лица од Ресен осомничени дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело „измама“, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд Битола достави предлог спогодби за тројца обвинети.

Добивај вести на вибер

– Осомничените на почетокот оваа година, со лажно прикажување на факти дека преку правно лице од Ресен можат да им продадат земјоделски производи, довеле во заблуда четири правни лица од Република Словенија, Република Унгарија, Босна и Херцеговина и Руската Федерација. Оштетените правни лица вршеле уплата на договорен износ на сметка на правното лице од Ресен, а осомничените ги подигнувале уплатените парични средства и ги трошеле за сопствени потреби, неиспорачувајќи ги договорените земјоделски производи, соопшти Јавното обвинителство.

Во текот на истражната постапка, осомничените доброволно ја надоместиле севкупната штета на оштетените правни лица во вкупен износ од 49.170,00 американски долари и 17.466,00 евра. Тројца од осомничените ја признаа вината и побараа да се спогодат со обвинителството, додека еден од осомничените во текот на постапката почина и против него постапката е запрена.

Основниот суд Битола ги прифати предлог – спогодбите и со пресуди на двајца од обвинети им изрече алтернативна мерка – условна осуда со што им е утврдена казна затвор во траење од две години која нема да се изврши доколку обвинетите во рок од пет години не сторат ново кривично дело, додека еден од осомничените е осуден на казна затвор во траење од една година и осум месеци.

izmamakrazba

Би можело да ве интересира

Хакерска измама „тешка“ 44.222 евра во Свети Николе

Горан Наумовски01/04/2026 - 12:38

Велешанец обвинет за измама, одзел 4.000 евра од жител на Неготино

Горан Наумовски31/03/2026 - 16:16

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски31/03/2026 - 15:2431/03/2026 - 15:28

Лажен полицаец измами скопјанец за 3.500 евра

А1он28/03/2026 - 14:28

Лажен лекар од Дојран олесни пензионерка од Кавадарци за речиси 5.000 евра

Горан Наумовски07/03/2026 - 12:1307/03/2026 - 12:14

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Горан Наумовски26/02/2026 - 10:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто