А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Постигнати спогодби со четири лица за несовесно работење во служба и со едно лице за бесправно градење

by А1он31/12/2019 - 12:19387
Share0

Надлежен обвинител при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постигна спогодба со пет лица кои, по поднесувањето на Обвинителниот акт со кој се обвинува градоначалник, осум административни службеници од Општина Карпош и две одговорни лица во правно лице, поднесоа изјави за признавање на вина.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Според Обвинителниот акт заснован врз прибраните докази во текот на истражната постапка во временскиот период од 2012 година до 2013 година во рамките на Урбанистичката парцела на Основното училиште Лазо Трповски, обвинетиот Ј.К. како надзорен орган во правното лице Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги Карапанчевски Компани ДООЕЛ Скопје, во име и за сметка на правното лице, како надзор, спротивно на одредбите од Законот за градење, без Одобрение за градење, на инвеститорот, вршел надзор на градба деловен простор – административен објект на локалната самоуправа. Со своите дејствија обвинетиот сторил кривично дело Бесправно градење. По признание на вина, обвинетиот се согласи да му биде изречена казна затвор во траење од две години, која нема да се изврши доколку во рок од три години не стори ново кривично дело, информираат од ОЈО.

Во текот на 2016 година, се вели во соопштението, обвинетиот Н.Н. како службено лице во Општина Карпош, назначен за Претседател на Комисија за јавна набавка, обвинетиот С.М. како службено лице –државен службеник во Општина Карпош назначен за Член на Комисија за јавна набавка и обвинетата А.С. како службено лице – државен службеник во Општина Карпош назначена за Заменик член на Комисија за јавна набавка, со пропуштање на должниот надзор, несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности во постапка за јавна набавка за „Партерно уредување на Сквер во Жданец” прибавувајќи корист за Друштво за градежништво, производство, трговија и услуги С.М.Компани ДОО Свети Николе во висина од 2.845.234,оо денари. Со своите дејствија сториле кривично дело Несовесно работење во служба.

– Обвинетата Р.Д. како службено лице во Општина Карпош, во 2017 година, постапувајќи по Барање поднесено од физичко лице, пропуштила должен надзор и изготвила и потпишала Решение за утврдување на правен статус на времен објект за деловна намена како да е бесправно изграден објект, со што овозможила физичкото лице незаконски да се стекне со корист – право на сопственост на објект и ексклузивно право на откуп на земјиште под објект сопственост на Северна Македонија, се наведува во соопштението од ОЈО.

Следете a1on на Youtube YouTube

Од ОЈО наведуваат дека осомничените го признале извршувањето на кривичното дело што им се става на товар и се согласиле да им биде изречена казна затвор во траење од една година, која нема да се изврши доколку во рок од две години не сторат ново кривично дело и парична казна како споредна казна во висина од 500 евра во денарска противвредност.

Судијата на претходна постапка ги прифати поднесените Предлог-спогодби и донесе пресуди со кои на обвинетите им се изрекуваат предложените казни. Мерките на претпазливост определени спрема обвинетите ќе бидат укинати по правосилноста на Пресудите по Предлог – Спогодбите.

obvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ13/10/2026 - 12:5213/10/2026 - 12:56

На Михаилова и беа одземени две патни исправи, а имаше и забрана за преминување на граница со лична карта, извести Обвинителството

Горан Наумовски12/10/2026 - 14:0512/10/2026 - 15:38

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:0304/10/2026 - 11:04

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 13:4626/09/2026 - 13:57

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски11/09/2026 - 11:5811/09/2026 - 13:29

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Горан Наумовски01/09/2026 - 14:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео