Поставено ново улично осветлување во Бутел

Од:

Општина Бутел во изниматите денови интервенираше на три локации во општината на кои постави ново улично осветлување.

Најголем зафат беше направен на улицата „Натанаил Кучевишки“ каде што беше отстранет стариот дефект и беше променета целата електрична инсталација. На оваа улица поставени се и 34 нови штедливи натриумови светилки од 70 вати.

Исто така, со осум нови светилки осветлени се и двете патеки во паркот на ул. Втора Македонска Бригада кои поминуваат покрај детското игралиште, а осветлена е и новата патека во Скопје Север која излегува на булеварот „Босна и Херцеговина“ на која се поставени нови канделабри со светилки.

Средствата за овие активности се обезбени од буџетот на Општина Бутел.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош