Поставени нови сообраќајни знаци во Богданци

Од:

Поставени се нови сообраќајни знаци за вертикална и хоризонтална сигнализација во општина Богданци.

Како што информира општинската служба, нови знаци за регулирање на сообраќајот има на главната улица, која е дел од регионалниот пат Гевгелија-Дојран и на пристапните патишта, кај основното училиште „Петар Мусев“ и детската градинка „Коста Поп-Ристов“.

Патоказните табли, кои досега ги немаше, се поставени пред населените места Стојаково и Селемлија заради нивно означување.

Хоризонталната сигнализација, освен по улиците, целосно е обновена на паркингот во центарот на Богданци. Нов простор за паркинг е одбележан на едната страна од главната улица, на потегот од автобуската станица до крстосницата со Гевгелија и Стојаково.

Би можело да ве интересира

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

Момче од Богданци во студентски дом фотографираше девојка како се тушира

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Богданци и околината

Горан Наумовски

Маж од Богданци осомничен дека силувал малолетничка

Горан Наумовски

Детали за несреќата во која загина едно лице: Еден од учесниците во сообраќајката криумчарел мигранти

А1он

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он