Поставени 50 нови корпи за отпадоци во Крива Паланка

Од:

Јавното претпријатие „Комуналец“ од Крива Паланка набави нови педесет корпи за отпадоци, од кои 20-тина веќе се поставени на повеќе локации долж главната улица „Св.Јоаким Осоговски“ и централното градксо подрачје.

Активноста е дел од Програмата за јавна чистота и управување со отпад на локалната самоуправа на општината ЈП „Комуналец“, усвоена на редовна седница на Советот на општина Крива Паланка.

– Една од приоритетните обврски беше набавка и поставување нови корпи за отпад за јавни површини како дополна или замена на старите и дотраени корпи. Од страна на ЈП „Комуналец“ набави 50 улични корпи за отпадоци од кои 20 корпи се веќе поставени на главната улица, во реонот од Осички мост до старата чаршија, како и во градскиот парк. Неделава ќе бидат поставени корпи и на останатиот дел од главната улица. Како и на пешачката патека покрај магистралата и големиот кејски ѕид на Крива Река, информираат од локалната самоуправа на Крива Паланка.

Јавно претпријатие „Комуналец“ работи и на обезбедување нови контејнери кои ќе бидат поставени во градот.

Од општината потенцираат дека со оваа активност се потврдува една од приоритетните заложба – Крива Паланка да биде чист град и пристојно место за живеење.

Би можело да ве интересира

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски