Поставена спомен-плоча во чест на загинатите француски војници во Првата светска војна

Од:

Во паркот на Франкофонијата во Градскиот парк вчера беше поставена спомен-плоча во чест на загинатите француски војници во Македонија во Првата светска војна. На откривањето на спомен-плочата присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, амбасадорот на Франција во Македонија, Лоренс Оер, Државниот секретар за поранешни борци и историски настани при француското Министерство за одбрана, Жан-Марк Тодешини, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, како и голем број претставници на дипломатскиот кор во Македонија.

Поставувањето на оваа спомен-плочата е дел од активностите на Француската амбасада во Република Македонија, за одбележување на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна.

– Оваа спомен-плоча ќе биде потсетување за жителите на Скопје и Македонија за храброста и пожртвуваноста на француските војници кои ги дадоа своите животи во Првата светска војна, како и во битката во Скопје која се одвивала на 29 и на 30 септември 1918 година, рече градоначалникот Трајановски.

За време на Првата светска војна на територијата на Македонија се одвиваа големи воени битки и судири во кои учествуваа речиси милион војници, припадници на десетина различни армии. Од нив, околу 350.000 француски војници од Источната француска армија, од кои загинаа 70.000.

Би можело да ве интересира

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Повредени докторка и здравствен работник, повреден пациент почина во болница

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа