Поставена сигнализација за безбедно движење на возилата кон дупката која се појави на мостот пред Маркова Река пред населба Драчево

Од:

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје во текот на изминатата ноќ поставија светлосна сообраќајна опрема и ја обезбедија големата дупка која се појави на мостот кај Маркова река пред скопската населба Драчево. Ошетувањето беше забележано од страна на инспектор за сообраќај во Град Скопје и пријавата беше проследена во најкус можен рок, со цел екипите на Улици и патишта да можат навремено да ја обезбедат истата. Како моментално решение на местото на оштетувањето во асфалтот се интервенираше со поставување на две челични плочи со должина од три метри и широчина од два метри.

Дополнително се поставени и сообраќајни знаци за предупредување и намалување на брзината на движење на возилата, а потоа во корелација со надлежните служби од Град Скопје ќе се работи на изнаоѓање на конечно решение за ова оштетување.

ЈП Улици и патишта апелираат да се избегне движење на тешки товарни возила, за да не се предизвикаат дополнителни оштетувања и да не се предизвика поголема опасност за безбедноста на возилата и граѓаните кои поминуваат на овој потег.

Би можело да ве интересира

Опожарени две бараки во Драчево

Горан Наумовски

Гласна музика во поликлиниката во Драчево, се славело пензионирање на колега: Директорот Селими најави санкции

Орце Костов

Борис Настов назначен за нов в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“ Скопје

А1он

Четворица малолетници добија кривични пријави за кражба во Аеродром

А1он

ВИДЕО: Пцовки и клетви кај Табановце, возачите нервозни оти мораат да возат преку канал без решетка

Разрешен директорот на Улици и патишта Сенад Смаиловиќ, откако бил фатен со кокаин

Жарко Настоски